Македонија
9. May 2022 - 16:32

Се проширува истрагата за вработените во МВР кои земаа поткуп на ГП Блаце

Постојат индиции МВР да ја прошири истрагата за случајот Блаце каде двајца полицајци  беа снимени како земаат мито на граничниот премин. Спасовски не открива уште колку лица ќе бидат опфатени со истрагата. Полицајците  се суспендирани и против нив се водат две постапки во мвр.

Надлежен обвинител активно постапува и прибира докази за расчистување на случајот велат од обвинителството.

Инаку денеска МВР доби  10 нови возила со кои ќе ја регулираат безбедноста во сообраќајот. Новите автомобили Дачија Сандеро се обезбедени преку Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.