Македонија
23. December 2025 - 13:38

Се судрил со автобус на ЈСП, па се обидел да побегне - приведен косовски државјанин

На 22.12.2025 во 15:30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Л.С.(65) од Косово. Тој се сомничи дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар во Скопје учествувал во сообраќајна незгода со автобус на ЈСП, по што со неговото возило фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, го напуштил местото на настанот, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Ново на Сител