-->
-->
Седењето е опасно колку и пушењето
-->

Долготрајното седење може сериозно да влијае на здравјето, а според последните истражувања во Велика Британија, од ваквиот начин на однесување годишно умираат 70.000 луѓе, повеќе отколку од рак на белите дробови, пренесува Daily Mail.
Многу луѓе минуваат повеќе од 10 часа дневно седејќи и тоа не само на работното место. Премногу седење може да го зголеми ризикот од различни болести и да предизвика смрт. Исто така, влијае на хормоните, метаболизмот и може да предизвика воспаление во организмот.
Според најновите истражувања, повеќе од третина луѓе минуваат повеќе време во седење во текот на викендот, за работното биро во текот на неделата, а слободното време често го минуваат пред екраните.
Оваа навика може да го зголеми ризикот од различни смртоносни заболувања. Во Велика Британија, поради ваквиот начин на живот, починале 70.000 луѓе во 2016 година.

Истражувачи од Кралскиот Универзитет во Белфаст и Универзитетот Улстер заклучиле дека е потребно да се преземат мерки на намалување на седењето во цел подобрување на здравјето на луѓето, како и намалување на финансиското оптоварување во здравството.
Болести кои се поврзуваат со долго седење, освен дебелината како состојба, се кардиоваскуларните заболувања, дијабетес тип 2, одредени облици на рак, како што е ракот на белите дробови и предвремена смрт од различни причини.
Седењето, исто така, влијае на мозокот, на расположените, на спознајните способности, на паметењето и го зголемува ризикот од деменција. Седењето има такви поразителни ефекти на здравјето што лекарите овој начин на однесување го нарекуваат „ново пушење“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопска парада 2026
-

Мицкоски денеска на средба со ЗНАМ, реконструкцијата готва до 1 јули
-

Уметници од Mакедонија, Бугарија и Грција вечерва во изведба на “Кармина Бурана” во Скопје
-

Мицкоски најави нова средба со маркетите за пониски цени на храната
-

Прилеп доби 8.320 канти и 126 контејнери за селекција на отпад како и 3 нови возила за собирање на отпад
-

Импортиран случај на зика во земјата, заболениот Македонец бил на Малдиви
-

Во Преспа се одржа трката „Prespa run and fun“, спортски настан чија цел е промоција на овој крај
-

Тешка сообраќајка со 10 повредени
