Седница на Економско-социјалниот совет

Во Владата денеска (11:00) ќе заседава Економско социјалниот совет, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски. На седница се очекува да стане збор за минималната плата, пресметката на потрошувачката кошничка, почитувањето и потребата од унапредување на колективните договори во јавниот и приватниот сектор, исплатата на додатоците од плата и останатата регулатива од областа.
За износот на минималната плата претставници на Владата во неколку наврати порачаа дека ќе се согласат со решение што ќе го договорат синдикатите и работодавачите, додека бизнис секторот се надева дека ќе има олеснувања во делот на придонесите за сметка на зголемувањето на минималната плата.
Како што изјави минатата недела заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, Владата ќе го почитува секое решение донесено со конзензус меѓу работодавачите и синдикатите, а се додека нема договор ќе важи Законот за минимална плата односно зголемувањето ќе биде според добро познатата формула.
Од Бизнис конфедерацијата велат дека секогаш постои можност и оти секогаш е потребно платата да се зголемува, но дека тоа треба да го прават оние кои реално го можат. Се надеваат дека ќе биде прифатен нивниот предлог - да има зголемување на платата, но придонесите да останат на истото ниво како досега.
Зголемување на минималната плата бараат од Сојузот на синдикати на Македонија, а како аргументи ги посочуваат зголемените трошоци на живот. Во анкета спроведена од страна на ССМ во ноември најголем дел од испитаниците се изјасниле дека минималната плата треба да биде 600 евра.
Од Конфедерацијата на слободни синдикати, пак, очекуваат на ЕСС да се разговара и за прашањата поврзани со додатоците на плата во јавниот сектор, кои велат, со години останаа на исто ниво.
Според најавата од заменик-министерот Ристевски, на денешната седница на Економско-социјалниот совет ќе стане збор и за пресметката на просечната потрошувачка кошница што планира да ја прави Владата од 1 јануари, покрај таа што ја пресметува ССМ.
-Од 1 јануари ќе се пресметува покрај синдикална минимална кошничка, ќе имаме и просечна потрошувачка кошничка на ниво на Република Македонија, која нас ќе ни користи како економија и Влада за понатамошни стратегии во економските политики и секако за зачувување на животниот стандард, изјави Ристески.
Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува ССМ за декември годинава изнесува 65.492 денари и е за 319 денари зголемена во однос на минималната кошница за минатиот месец кога изнесуваше 65.173.
МИА
Ново на Сител
-

Нов обид на судиите и обвинителите преку Уставен да си обезбедат повисоки плати
-

Кривични за раководството на ОФС Охрид - го манипулирале системот на ФФМ
-

Прекинат прагот на аларамирање
-

Ајдован Адемоски почесниот конзул на Турција се обрати на новогодишниот коктел на Клубот на почесни конзули
-

Под влијание на влажен бран во следните два дена ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините снег
-

Приведена 45-годишна жена, одзела златен накит во вредност од 9.000 евра | ФОТО
-

Грчките земјоделци до петок нема да ги блокираат граничните премини Евзони и Ники
-

Јаневска: Ќе нема предвремен зимски распуст поради загадениот воздух
