Седница на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
На дневен ред се повеќе предлог одлуки за изменување на одлуки за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието. Измени се предвидени во составот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, во Националниот совет за евроинтеграции, во Комитетот за односи меѓу заедниците, во Советот на Собранискиот канал и во Буџетскиот совет на Собранието.
Комисијата треба да изгласа и Предлог - одлука за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави. Предвидени се измени во Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), во Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК) и во Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.
На дневен ред на Комисијата е и барање за остварување на плата по престанок на функцијата член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација , на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавните набавки, како и разгледување барање за остварување на отпремнина при заминување во пензија од поранешна пратеничка.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата