Македонија
15. December 2025 - 8:22

Седница на собраниската Комисија за европски прашања

Во Собранието денеска ќе заседава Комисијата за европски прашања, на чиј дневен ред е Предлог-законот за дополнување на Законот за јавните патишта во прво читање со европско знаменце. 

Овластен предлагач е вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. 

- Со Предлогот на закон на изменување и дополнување на Законот за јавните патишта се врши негово прецизирање, дополнување и дополнително усогласување со новите европски регулативи со цел да се имплеменираат интелигентни транспортни системи (ИТС) во Република Северна Македонија. Одредбите на Предлогот на закон немаат дополнителни финансиски последици врз буџетот и другите јавни финансиски средства, се наведува во образложението на законот.