Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за политички систем и односи меѓу заедниците, за прашања на изборите и именувањата, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
Комисијата за политички систем ќе расправа по Предлог-законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, додека пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата се утврдувања на три предлог одлуки - за изменување на Одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Советот за статистика на Република Северна Македонија, за именување на заменик на генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, како и за изменување на Одлуката за основање пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, по скратена постапка, додека Законодавно-правната комисија ќе го разгледува Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување делови од човечкото тело заради лекување, по скратена постапка.
МИА
Ново на Сител
-

Премиерот Мицкоски обелодени кои министри и ресори се опфатени со реконструкцијата
-

Реконструкцијата заврши, се чека партиска одлука
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Финишира владината реконструкција
-

Координациите на пратениците без епилог, утре нов обид за договор за изборниот законик
-

УГД по апсењето на професорката: Нема место за корупција
-

Истражување на ЕСЕ: Има корупција во здравството, но ретко кој признава дека е вклучен
-

Дали се одложуваат операции на Хирургија поради дефектот во климатизацијата?
