Македонија
6. May 2023 - 16:32

Секој ден крема со заштитен фактор и редовни прегледи препорачуваат дерматолозите

Раното откривање на рак на кожата е клучно во борбата против оваа подмолна болест.

Во Македонија од година во година расте бројот на заболени, а тоа се должи на поголемата свест кај граѓаните да извршат преглед. Сончевите УВ зраци се најголем ризик фактор кој може да предизвика рак на кожата, особено штетен е треетманот на солариум порачаа лекарите.

Петров вели дека ова болест на повозрасната популација, меѓутоа, како што посочува, тоа не е исклучок, туку може да се јави во која било возраст.

Граѓаните треба да создадат навика да користат крема со заштитен фактор кој ќе спречи горење на кожата, но не само додека се на летен одмор, туку при секојдневното изложување на сонце.

Здружението на дерматовенеролози на Македонија организираше бесплатен дермоскопски преглед на бемки за граѓаните, со кои се превенира болеста.