Секоја 3-та фирма не издава фискални сметки, плаќањето со картичка ќе ја намали сивата економија
Секоја трета фирма не издава фискални сметки. Контролите на Управата за јавни приходи покажуваат дека од над 600 проверени субјекти до 20-ти овој месец, 200 се казнети за неиздавање фискални. Податоците не се добри, коментираат експeртите. Секое изигрување на законот го оштетува буџетот, со што државата губи огромна сума на приходи. Затоа предлагаат системско решение, односно изработка на нов софтвер, по примерот на западните земји.
Со ваквото неиздавање државата губи преку 50% од сумата која не е наплатена преку овие системи. Потребно е некое софтверско решение да се поврзе со Мој ДДВ, каде ќе се плаќа задолжително небанкараски, односно банкрарски во случајот со картичка во реално време ДДВ ќе оди на сметка на буџетот, во исто време ќе се прави поврат на 10 до 15 отсто Мој ДДВ, ќе се регистрираат приходите на граѓани. Такви решениија веќе има во западните земји, изјави Павле Гацов, даночен екперт.
Против даночната евазија Гацов предлага граѓаните наместо кеш, за плаќање да користат картички. Банките веќе го поттикнуваат тоа, со што им наплаќаат на граѓаните кога подигнуваат готовина од шалтер. Сумите во зависност од банката, се движат од најмалку 30 па се до 5,000 денари.
Зошто тоа да не го прави државата? Наместо кај банките тие пари да завршуваат кај државата. Една мерка е при подигањето готовина да се одданочи со 0,5% - данок на финансиски износи. Тоа значи да ги демотивираме граѓаните да подигаат готовина, односно да користат картички, додава Гацов.
Инаку казните за фирмите кои не издаваат фискални сметки се движат до 3.000 евра, во зависност од големината на субјектот - или ако се плати во рок од 15 дена – сумата се преполовува. Но, високите казни не се решение на проблемот, смета Гацов, туку кешот во џеб, бидејќи никој не знае каде ќе завршат тие пари и за што.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар