Села: Мојата политичка активност не завршува со оставката од претседател на партијата
![]()
Зиадин Села денеска се сретна со структурите на Алијанса за Албанците во Струга
„Ви благодарам на сите активисти и официјални политички претставници на огранокот за безрезервната поддршка што ми ја дадовте како Претседател на АА.
Но, мојата политичка активност не завршува со оставката како претседател, бидејќи јас нема да се откажам од идеалот на кој ја изградивме нашата политичка партија, затоа ја користам оваа прилика да ги повикам сите членови и активисти на Алијанса за Албанците од Струга до Липково да застанат зад новиот извршител на должноста како нов претседател на АА којшто ќе се избира следната недела.
Додека јас, ветувам дека силно ќе ја зголемам мојата политичка активност и со сите мои капацитети ќе се борам Алијанса за Албанците да се појави како прв политички субјект на политичката сцена во РСМ“.
Алијанса за Албанците
Ново на Сител
-

100 дена мандат на градоначалникот на Скопје
-

Тема на денот со Трифун Костовски, бизнисмен и поранешен градоначалник
-

Слаб процент на вакцинација со ХПВ во скопски Центар и Карпош
-

Преглед на вестите од светот
-

Одложено судењето за екс директорот на Комунална хигиена
-

Вајц: Потребен е итен напредок во уставните измени и итни реформи
-

Професионализација на дипломатската служба
-

Сиљановска: Нашето авионче е најмало и најстаро, колегите го нарекуваат „авиончето на браќата Рајт“
