Македонија
8. July 2021 - 17:22

Села со нови обвинувања за урбанистичко дивеење на Мерко

Лидерот на Алијанса на Албанците Зијадин Села на социјалните мрежи обвини за нови дивоградби и предупреди дека граѓани пријавиле за пет викендички на кампот Ливадиште кои изгледа се граделе  од страна на градоначалникот Meрко и неговите блиски, на земјиште во сопственост на ЕСМ . Според него, овој нов криминал во урбанизмот и животната средина се случува само после една недела откако нивната партија го објави своето ребрендирање во зелена партија.

-Овој нов криминал во урбанизмот и животната средина се случува само после една недела откако нивната партија го објави своето ребрендирање во зелена партија.

Ја повикувам јавно Владата на Северна Македонија веднаш да ја запре оваа нелегална градба, додека, инспекторатот и обвинителството да обезбедат преземање на соодветни мерки против нарачателите)стои во објавата на Села.

Струшкиот градоначалник Мерко ги отфрла ваквите обвинувања тој вели дека опозицијата има право да критикува и измислува работи.

Од ЕСМ пак на став дека доколку има слободен простор и заинтересирани лица за закуп на приколка се склучуваат и нови договори. Тоа значи дека не се работи за тврда градба, туку за привремен објект кој се поставува во закупениот простор додека трае договорот од една година.

Додавајќи дека досега, не е евидентирано дека градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, има склучено договор за закуп на земјиште во автокампт  Ливадишта.