Село во јужна Италија „им забрани“ на жителите да се разболат

Селото Белкастро во јужна Италија, коешто е оддалечено 45 километри од најблиската болница, издаде декрет којшто „им забранува“ на жителите да се разболуваат, објави „Би-би-си“.
Во селото со 1.200 жители, Управата „им наредила“ на селаните да избегнуваат болести поради коишто може да треба итна медицинска помош. Притоа, луѓето „се задолжени“ да не се впуштаат во потенцијално штетно однесување, да избегнуваат несреќи во домаќинството, да не излегуваат од дома премногу често, да не патуваат и спортуваат, туку просто - да се одмораат.
Градоначалникот Антонио Торчија изјави дека оваа уредба е донесена со цел да се откријат недостатоците во здравствениот систем. Вели дека „овој потег е очигледно хумористична провокација“, но може да има поголем ефект од итните известувања што ги испратил до регионалните власти за да укаже на недостатоците на локалниот здравствен систем.
Посочувајќи дека повеќе од половина од населението во селото е над 65 години, првиот човек во Општината нагласи дека патот до болница претставува поголема опасност од која било болест.
Ново на Сител
-

Мицкоски за насилството врз жените - Шокиран сум!
-

Премиерот најави три нови мерки за младите
-

Тема на денот со Злате Димовски, професор за безбедност
-

Прилепската болница доби нов ЕМГ апарат, овие пациенти сега не мора да одат во Скопје
-

Струмичани ќе предлагаат решенија за нов изглед на плоштадот Гоце Делчев
-

„One Stop Shop“ системот ќе ги доближи Македонија и Албанија
-

Рама: Не сакам да држам лекции но уставните измени се неизбежни
-

Годишна конференција на младите на ВМРО-ДПМНЕ
