Семејствата повикуваат на прекин на договорот додека не се вратат телата на сите убиени заложници од Газа

Форумот на семејства на заложници и исчезнати лица повика на „итна суспензија на договорот“ додека телата на сите убиени заложници не бидат вратени од Газа.
Претходно денеска, групата соопшти дека ѝ било кажано оти денеска ќе бидат вратени само четири тела, соопштение кое подоцна го потврди и Хамас, именувајќи ги.
-Кршењето на договорот од страна на Хамас мора да предизвика сериозна реакција од израелската влада и медијаторите. Договорот мора да се почитува од двете страни. Ако Хамас не го исполни својот дел, ниту израелската страна не треба да го исполни. Бараме враќање на сите 28 заложници и нема да се откажеме додека не се врати и последниот, се вели во соопштението на форумот.
Според копија од договорот за прекин на огнот објавена од израелските медиуми, телата на сите убиени заложници требало да бидат предадени денеска до пладне по локално време, но во документот исто така се вели дека Хамас и другите палестински групи можеби нема да можат да ги пронајдат сите до тој рок.
МИА
Ново на Сител
-

Територијална реформа во Албанија - ќе остане ли Пустец општина на Македонците?
-

Протест во Тетово со барање општината да ги врати имињата на улиците кои ги укина Уставен
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, политички аналитичар
-

Собранието гласа по законите дел од реформската агенда
-

Нов модел за проширување на ЕУ
-

Сите опции отворени пред финализирање на владиниот состав
-

Втор ден молк од Тетово за „женските термини“ на градскиот базен
-

НПМ: Лоши услови зад решетки и празни полициски станици
