Семејството на трагично загинатиот Стивен Ивановски во Кран-Монтана бара донации за погребални трошоци

Семејството на 16-годишниот Стивен Ивановски, кој трагично загина во пожарот во барот „Констеласион“ во Кран-Монтана, Швајцарија, за време на дочекот на Нова година, повика на донации за покривање на погребалните трошоци.
„Почитувани,
Стивен Ивановски имаше само 16 години, го загуби животот во пожарот во Кран-Монтана, Швајцарија, каде беше со својата сестра.
Неговата сестра, за среќа преживеа.
Таа ноќ, судбината удри со незамислива сила.
Стивен зад себе остави семејство скршено од болка, засекогаш обележано од оваа брутална и неразбирлива загуба. Живот прекинат премногу рано. Отсуство што ќе остави огромна и неизбришлива празнина.
Трансакциските сметки се отворени за да се помогне на семејството да се справи со погребните трошоци, како и да ѝ се обезбеди финансиска поддршка во овој длабок период на жалост, кога болката се надоврзува на материјалните грижи.
Александра Ивановска(мајка)
Жиро сметка за Македонија:
300057104118092 Комерцијална банка
Цел на дознака:
Донација за Стивен Ивановски
Шифра на плаќање: 562 - уплати за донации
За странство:
IBAN: MK07300307065362360
SWIFT: KOMSMK2X
Секој гест, колку и да е скромен, претставува драгоцена поддршка за семејството на Стивен.
Ви благодариме за него.
Почивај во мир, Стивен.“, стои во објавата.
Ново на Сител
-

ДУИ победи во Гостивар и Врапчиште, ВМРО-ДПМНЕ во Маврово Ростуше и ДПТМ во Центар Жупа
-

Тема на денот со Сефер Селими, политички аналитичар
-

ДИК бележи намалена излезност
-

Повторени избори во 4 општини
-

Излезноста до 18:30 e 28.07%
-

Повторени избори во 4 општини
-

ДИК бележи намалена излезност
-

МВР нема регистрирано инциденти
