Семејството Скаик безбедно пристигна во Македонија
Семејството Скаик, кое на 3-ти ноември безбедно ја напушти Газа, па потоа беше засолнето во египетскиот главен град, денеска безбедно пристигна во Македонија. Двете деца и нивните родители имаа прием во Кабинетот на претседателот на Македонија.
„Евакуацијата од Газа претставува посебен дипломатски и пред сѐ конзуларен предизвик, имајќи ја предвид сложената безбедносна состојба во тој регион. Посебно сакам да оддадам признание на дипломатите во нашите амбасади во Каиро и Тел Авив, кои беа во постојан контакт и со семејството и со властите во Египет и Израел“, се вели во објавата на Османи на ФБ.
Тој изрази благодарност и до Меѓународната организација за МИГРАЦИИ (IOM) која помогнала при трансферот на семјството во Скопје, и на Министерството за труд и социјална политика, односно Центарот за социјална работа во Скопје, за организација на сместувањето.
Во појасот Газа моментално е заглавен македонски брачен пар. Првиот човек на дипломатијата посочи дека сите напори се фокусирани кон нивно безбедно извлекување од критичната зона, а нивната евакуација ја очекувал наскоро.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
