СЕМЕЈСТВОТО
Нова возбудлива и емотивна вечерна драма од продукцијата која ги создаде најгледаните телевизиски серии. Во главната улога на бунтовниот Аслан го гледаме познатиот русокос заводник Киванч Татлитуг, познат и како турскиот Бред Пит.
Аслан Сојкан е глава на едно од најмоќните и најозлогласените криминални семејства во Истанбул, но вистинската сила на ова семејство лежи во железната рака на неговата мајка. Доминантната и манипулативна госпоѓа Хулија го држи семејството заедно со правила кои мора да бидат почитувани. Сè се менува кога Аслан ја носи Девин во својот дом, прекршувајќи едно од најстрогите правила на тоа семејство. Девојка која сосема случајно ја запозна, но која пробуди во него чувства кои ја смируваат неговата бунтовност. Девин е паметна, слободоумна и работи како психолог, но ќе може ли баш таа да ги излечи раните на ова моќно семејство и да се справи со самиот Аслан, кој ја крие својата темна страна? Ќе може ли госпоѓата Хулија да ја прифати идната снаа или овој пат силата на нејзиниот збор нема да ја одбрани честа на семејството?
Следува борба за да се зачува семејството и да се докаже лојалноста. Да се одржи она кое всушност никогаш не било ни одржливо. Серија што носи страст, тајни и борба за моќ во едно дисфункционално семејство. Серија што ќе ги преиспита моралните вредности и очекувањата, така што многу гледачи ќе можат да се идентификуваат со правилните и погрешните семејни избори.
Ново на Сител
-

Поплавите предизвикаа штети на земјоделските површини
-

Преглед на вестите од светот
-

Колкави плати земаат функционерите?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар
-

Полиција го чува Груби во домашен притвор, МВР и АНБ процениле дека не може да му се гарантира безбедноста во “Шутка”
-

Филков бара одговорност со име и презиме за куќниот притвор на Груби
-

Од денеска 6 фирми за производство на канабис останаа без дозволи за работа
-

Ќе се намалуваат функционерските плати за околу 200 евра
