Серија пријави за семејно насилство во Скопје, Делчево и Штип за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие, полициски службеници на Министерството за внатрешни работи интервенирале по повеќе пријави за семејно насилство на подрачјето на Скопје, Делчево и Штип, при што неколку лица биле лишени од слобода.
Според соопштението од МВР, вчера полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.К. (41) од Велес, по пријава од неговата 39-годишна вонбрачна партнерка дека истиот ден околу 08:00 часот, во семејниот дом во Скопје, физички ја нападнал со тврд предмет и ѝ го оштетил мобилниот телефон. При извршен претрес во домот била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
На 10 јануари 2026 година, во 00:30 часот, во село во делчевско, полициски службеници од ОВР Делчево го лишиле од слобода В.Н. (53) од делчевско, откако неговата 53-годишна сопруга пријавила дека во семејниот дом физички ја нападнал и ѝ упатил закани. По документирањето, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истата ноќ, во 00:50 часот во Делчево, полициски службеници го лишиле од слобода и А.И. (48) од Делчево, по пријава од неговата сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и го оштетил нејзиниот мобилен телефон. По целосно документирање, ќе следува соодветна пријава.
Во Штип, пак, вчера во 17:15 часот, 26-годишен маж пријавил во СВР Штип дека во неговиот дом, по претходна расправија бил физички нападнат од неговата девојка М.Ј. (20) од штипско. По документирањето на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски во Унгарија
-

Тема на денот со Арбен Таравари, претседател на Алијанса за Албанците
-

Сител сторија: Спомен домот на Разловечкото востание конечно ќе види светли денови
-

Обвинетиот Стојанче Јовановски прво призна вина, па се предомисли
-

Убиство во Росоман, ја усмртил мајка си и се пријавил во полиција
-

Отфрлена претставката на обвинителката Ристоска, изјавите на премирот не биле притисок
-

Бензините поевтинуваат, дизелот ќе се точи по стара цена
-

Филипче на терен ќе убедува за ЕУ, обвини дека Мицкоски не’ носи во изолација
