Сеул проценува дека Северна Кореја има до 120 нуклеарни боеви глави

Јужна Кореја проценува дека Северна Кореја поседува меѓу 80 и 120 нуклеарни боеви глави, изјави денеска јужнокорејскиот министер за одбрана, Ан Гју-бак.
Ан Гју-бак пред пратениците во Парламентот рече дека проценката се темели врз податоци добиени од приватни истражувачки организации и оти јужнокорејската армија не може официјално да го потврди бројот.
Неговата проценка е значително повисока од онаа што вчера ја изнесе американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека Северна Кореја има 57 нуклеарни боеви глави.
Јужна Кореја традиционално избегнува јавно да објавува детални проценки за севернокорејскиот нуклеарен арсенал и официјално не ја признава Северна Кореја како држава со нуклеарно оружје, во согласност со својата долгогодишна политика за денуклеаризација.
МИА
Ново на Сител
-

Зголемување на старосната граница за пензионирање е предлогот на ММФ за одржлив систем
-

За еден месец издадени одобренија за изградба на нови 754 станови, најмногу во Скопје
-

Сиљановска го образложи помилувањето на Јакупи
-

Нов центар во Штип за развој на студентски бизнис идеи
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
