Сеул проценува дека Северна Кореја има до 120 нуклеарни боеви глави

Јужна Кореја проценува дека Северна Кореја поседува меѓу 80 и 120 нуклеарни боеви глави, изјави денеска јужнокорејскиот министер за одбрана, Ан Гју-бак.
Ан Гју-бак пред пратениците во Парламентот рече дека проценката се темели врз податоци добиени од приватни истражувачки организации и оти јужнокорејската армија не може официјално да го потврди бројот.
Неговата проценка е значително повисока од онаа што вчера ја изнесе американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека Северна Кореја има 57 нуклеарни боеви глави.
Јужна Кореја традиционално избегнува јавно да објавува детални проценки за севернокорејскиот нуклеарен арсенал и официјално не ја признава Северна Кореја како држава со нуклеарно оружје, во согласност со својата долгогодишна политика за денуклеаризација.
МИА
Ново на Сител
-

Истекува рокот за притвор на Груби, без обвинение следуваат поблаги мерки
-

Пристигнуваат тестовите за дрога – што треба да знаете?
-

Сејф сити се уште не ги казнува странските возачи, деновиве системот започнува да функционира на ГП “Табановце”
-

Од Охрид стартува „Силно светнал ден“
-

Музичкиот спектакл „Силно светнал ден“ за 35 години независност стартуваше вечерва од Охрид
-

Тема на денот со Бојан Трајковски, доктор по општа медицина
-

Голем ризик за пожари на отворен простор и шумски пожари
-

Втор ден гори депонијата во Крива Паланка
