Македонија
12. јуни 2025 - 12:18

Сеуште постојат бариери за лицата со телесен инвалидитет

Лицата со телесен инвалидитет сеуште се соочуваат со бариери. И покрај сите заложби и натаму најголем проблем претставува архитектонската непристапност на јавните објекти и институции со што им се попречува секојдневното движење и живеење на оваа група луѓе тие не може да ги остварат своите права во здравството, образованието, да посетуваат спортски, музички и други настани.

Иако во Скопје и Охрид преземни се чекори кон зголемување на пристапноста, лицата со попреченост не доживеале големи промени во останатите делови од државата.

Лицата со попреченост бараат да се подигне јавната свест но не само на обичниот граѓанин, туку и на институциите за основните права кои треба да се почитуваат и упатуваат апел за поголема заложба кон преземање на конкретни мерки со кои ќе се зголеми и подобри интеграцијата во сите аспекти на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот.