Шакира одржа бесплатен концерт на Копакабана пред два милиони луѓе

Колумбиската поп-ѕвезда Шакира синоќа воодушеви милиони луѓе со бесплатен концерт во Рио де Жанеиро на легендарната бразилска плажа Копакабана.
– Никогаш нема да го заборавам овој настап – рече Шакира на крајот од шоуто, кое траеше нешто помалку од два и пол часа и беше најавено како најголемо во нејзината кариера. Публиката беше проценета на два милиони луѓе.
Таа изведе голем број од своите најголеми хитови како „Waka Waka“ и „Whenever, Wherever“. Песните како „Hips Don’t Lie“, „La Tortura“ и „She Wolf“ исто така беа дел од репертоарот.
Концертот беше дел од серијата „Todo Mundo no Rio“ (Сите во Рио), преку која градскиот совет носи меѓународни ѕвезди во крајбрежната метропола.
Во пресрет на настанот, Шакира ја истакна својата блиска поврзаност со Бразил.
– Ако планетата Земја имаше олтар, тоа би била плажата Копакабана – изјави таа за бразилската телевизија. Копакабана за неа е „сон“ и „магично место“.
За потребите на настапот, сцената беше проширена на околу 1.500 квадратни метри, што ја направи поголема од оние на претходните шоуа на истата локација.
Подготовките, сепак, беа засенети од фатална несреќа во која еден работник остана заглавен меѓу две платформи за подигнување за време на монтирањето и подоцна почина во болница, пренесе ДПА.
МИА
Ново на Сител
-

Кристијан Корабоски без притвор
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, СДСМ
-

Обвинителството бара притвор за охриѓанецот
-

Мицкоски со осуда за нападот врз девојката во Охрид
-

Мерки на претпазливост за охриѓанецот кој ја претепал Сара до бесвест – мајката тврди дека мислел оти е мртва и сакал да се ослободи од телото
-

Остри партиски реакции по насилството во Охрид
-

Хаџи Василева го презеде Обвинителството, најавува промени и отпор на притисоците
-

Алта банка оди на продажба
