„Шанса за Центар“ бара повлекување на планот за „Барутана“ на Водно
Додека локалните власти тврдат дека ќе се преиспитува Деталниот урбанистичи план за „Барутана Водно“, советниците од „Шанса за Центар“, бараат целосно повлекување на планот. Кратењето на процентот на градба за сметка на зеленилото кое сега се предидува на 40 отсто, го сметаат за манипулација. Од советничката група велат станувало збор за ужасно лошо планско решение кое може да ги загрози околните објекти.
„План со кој онаа бетонизација ќе се прошири се повисоко во шумата на Водно, план кој ако се спроведува ќе се изврши сеча на шума, пробивање на брда за да се изградат тие улици за да се овозможи градба на прилично малку објекти“, изјави Јане Димески, Советник од „Шанса за Центар“.
Планот за „барутана“ предвидува изградба на десетици нови објекти на стрмен и засега непристапен терен. Се планира приватно домување во единици со приземје, два ката и без поткровје.
„Воопшто не треба да се гради, тоа е шума која постои за да го штити градот. Никогаш таму немало објекти на дел од тие парцели. Неколку кратно ги надминува параметрите кои ги дава ГУП на Скопје. Практично, самиот планер признава дека со постоечките објекти таму, веќе се исцрпени сите параметри кои ги задал ГУП на градот. Што значи, нема простор повеќе за нови објекти, нови жители, нови автомобили“, вели Димески.
Во меѓувреме, од Општина Центар излегоа со став дека без целосно испитување на теренот, планот за „Барутана“ нема да се најде на гласање пред советниците. Градоначалникот Герасимовски, уверува дека таму не се предвидува масовно домување бидејќи планирана била изградба на мали објекти.а
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
