Шарапова и браќата Брајан нови членови на тениската Куќа на славните

Петкратната грен слем победничка, руската тенисерка Марија Шарапова и сопствениците на бројни рекорди во игра на парови, американските близнаци Боб и Мајк Брајан, во 2025 година ќе бидат примени во Меѓународната тениска куќа на славните, која се наоѓа во Њупорт, во американската сојузна држава Род Ајленд.
Во текот на својата речиси 20-годишна кариера, Шарапова се приклучи на ексклузивното друштво од десет тенисерки кои успеаја да освојат индивидуални титули на сите четири Грен слем турнири, а пет пати се искачи и на врвот на поединечната ВТА ранг-листа.
Браќата Брајан освоија рекордни 16 грен слем титули во конкуренција на парови и се најуспешниот тениски тандем во историјата со вкупно 119 заеднички трофеи. Рекордни 438 недели беа на врвот на АТП ранг-листата, а десет пати беа најдобар машки пар на крајот на годината.
Церемонијата на прием во Меѓународната тениска куќа на славните ќе се одржи во Њупорт од 21 до 23 август следната година, со специјална програма и хуманитарен турнир на кој ќе настапат легенди кои веќе влегле во рангот на тениските бесмртници.
Ново на Сител
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
