Шефот на „Енвидија“ се врати на функцијата, им се извини на вработените и откри дека оди на терапија

Извршниот директор на „Нвидија“, Џенсен Хуанг, им се извини на вработените на состанок на целата компанија еден ден откако беше вратен на чело на фирмата што ја основа пред 30 години и рече дека оди на терапија секој ден, изјави извор запознат со ситуацијата.
Хуанг поднесе оставка на 12 ноември по повеќекратни извештаи за наводни вонбрачни афери, вклучувајќи афера со жена за која американските власти стравуваат дека е кинески разузнавачки агент, како и афера со подредена, јави Си-Ен-Ен.
„Нвидија“ вчера соопшти дека го повторно назначува за извршен директор откако првично одлучи да не го врати на работа. Одборот ја поништи својата одлука по притисокот наводно од американскиот претседател Доналд Трамп и други високи функционери на администрацијата, наведуваат изворите на медиумот.
Трамп рече дека директно се обратил до УО во име на Хуанг, но директорот на состанокот ги отфрли тврдењата дека претседателот го организирал неговото враќање, наведувајќи дека УО ја донел одлуката независно.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнува дебатата за буџетот
-

Мицкоски: СДСМ работи на штета на Алта банка Битола
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
-

Климатските промени го менуваат земјоделството
-

Преглед на вестите од светот
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
