Македонија
21. July 2025 - 8:59

Шефот на мароканската дипломатија во посета на земјава на средба со Муцунски

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска ќе биде домаќин на министерот за надворешни работи, африканска соработка и марокански иселеници на Кралството Мароко, Насер Бурита кој ќе престојува во официјална посета на нашата земја.

Како што соопшти МНРиНТ двајцата министри ќе одржат тет-а-тет средба, билатерална средба меѓу двете делегации, по што ќе следи прес-конференција. 

 

МИА