Шефовите на дипломатиите на ЕУ во Малта расправаат за ситуацијата во Македонија
Сите во Скопје да се обидат да ја извлечат земјата од оваа сериозна криаза која може да биде опасна повика од Лавалета високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политка Федерика Могерини. Таа од состанокот на министрите за надворешни на земјите членки на Еу и канидати за членство во Малта оценува дека насилството е неприфатливо.
– Тоа што го видовме вчера во Скопје е особено загрижувачко и многу тажно за сите нас. Насилството секогаш го сметаме за неприфатливо, уште повеќе кога се случува во куќа на демократијата – во парламент. Веруваме дека сите во Скопје треба да ги следат принципите на Уставот, демократијата и да се обидат да ја извлечат земјата од оваа сериозна криза, која може да биде опасна – изјави Могерини.
Во пишана изјава реагираше и шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел. Тој вели дека случувањата во собранието се неприфатливи за земја кандидат за членство и порачува дека следниот чекор мора да биде формирање на Влада.
Од Лавалета со реакција излезе и македонскиот министер за надворешни работи. Попоски најостро го осуди насилството во собранието и повика на дијалог како единствен начин за излез од кризата.
Со пишано сооптение реагираа и европските социјалисти. Во дел од своето соопштение пишуваат:
- Претседателот Иванов да запре со блокирањето на формирање Влада раководена од СДСМ. Демократијата мора да се движи по својот пат.
Европратеничката Маријана Петир во својата изјава за МИА го осуди и насилството врз пратениците, но и како што вели политичкото насилство.
- Многу сум тажна поради синоќешните настани во Македонија. Силно го осудувам насилството до кое дојде во македонскиот Парламент. Насилството никаде и за ништо не смее да биде одговор. Македонскиот народ вреди многу повеќе од тоа и многу повеќе заслужува. Токму како што сум против физичкото насилство, не поддржувам ниту политичко насилство кое резултираше во физичкото насилство, изјави Петир.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
