Македонија
5. January 2019 - 16:17

Шекеринска од караулата Богородица - протоколот за НАТО ќе биде готов по ратификацијата на договорот со Грција

Граѓаните на Македонија можат мирно и спокојно да ги слават претстојните празници бидејќи припадниците на армијата деноноќно и професионално се грижат за колективната безбедност порача министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. Шекеринска која беше во посета на војниците распоредени на јужната граница оцени дека состојбата е стабилна но, обидите за нелегални  премини се проблем кој Македонија не смее да го занемари.

,, Само во оваа година припадниците на Армијата на република Македонија успеаја да спречат повеќе од 500 нелегални обиди за преминување на границата, а во претходните години кога притисокот врз границата беше и поголем таа бројка е и неколкукратно поголема.,, рече РАДМИЛА ШЕКЕРИНСКА – МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА

За време на средба со  припадниците на АРМ и армискиот врв меѓу другото било разговарано и за начините за зголемување на соработката меѓу различните институции и подобрување на опремата со која располага Армијата.

„Владата покажа дека ваквиот несебичен и многу важен однос на припадниците на АРМ знае да го награди   . Минатата година платите на сите припадници беа зголемени за 10 проценти, оваа година ќе бидат зголемени за дополнителни 5 проценти што значи дека прв пат практично имаме две години по ред зголемување на платите. Ми беше задоволство што на крајот на минатата година успеавме да завршиме два многу важни процеси – обезбедување на чизми и униформи за припадниците на АРМ.,, рече министерката ШЕЕКЕРИНСКА

Кога станува збор за протоколот за НАТО Шекеринска потенцираше дека тој ќе биде подготвен во моментот кога Преспанскиот договор ќе се имплементира и ратификува од двете страни. Таа се надева обврските од македонска страна да бидат спроведени на време и согласно плановите и очекува истото да го направи и Грција. Според  Шекеринска од февруари Македонија ќе ја исполни својата стратешка цел и ќе седне на масата на која се носат најважните одлуки кои се однесуваат и на нашиот регион и на мирот и безбедноста во светот.