Шест возачи приведени во изминатото деноноќие за безобѕирно управување со моторно возило

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации на територијата на државата, полициски службеници лишиле од слобода шест возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти МВР.
Од нив, тројца управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за Б.М.(34) од село Батинци, скопско, 16-годишник од село Морани, скопско, и Ф.К.(32) од село Големо Коњари, прилепско, кој истовремено управувал и под дејство на алкохол.
Под дејство на алкохол управувал и С.А.(53) од село Град, делчевско, кој претходно предизвикал сообраќајна незгода со материјална штета.
А.А.(38) од Прилеп управувал возило и покрај активната забрана за управување со моторно возило, а истовремено бил и под дејство на алкохол.
М.Е.(66) од тетовско, пак, управувал патничко возило во спротивна насока.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или со активна забрана за управување. Исто така, потсетуваме дека непочитувањето на пропишаната насока на движење може сериозно да ја загрози безбедноста во сообраќајот. Со одговорно однесување и почитување на правилата, заеднички придонесуваме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи.
Ново на Сител
-

Македонија и Грција со заеднички проект ја зајакнуваат итната медицинска помош
-

Сертификат за вештини стекнати без формално образование
-

Охрид ја проширува културната понуда
-

Преглед на вестите од светот
-

Тесна битка за градоначалник на Брвеница
-

Славески: НБМ го презеде управувањето со Алта банка АД Битола
-

СДСМ: Мицкоски и Славески ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија, бараме одговорност
-

Тема на денот со Дафина Стојаноска, ВМРО-ДПМНЕ
