Шлепувале „опел“ во кој имало 150 килограми марихуана, тројца скопјани уапсени кај Свети Николе

На 27.01.2026 Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против М.З.(37), И.Б.(61) и Г.Б.(59), сите од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст. 3 во врска со став 1 од КЗ.

Имено, на 26.01.2026 М.З. од лице од Струга купил моторно возило „опел комбо“ со швајцарски национални ознаки, во кое заедно со И.Б. сместиле наркотична дрога марихуана, при што го контактирале Г.Б. со цел моторното возило да биде шлепувано од Струга до Скопје за цена од 200 евра, бидејќи не било во возна состојба. Откако пристигнале во Скопје, првопријавениот М.З. заедно со второпријавениот И.Б. побарале од третопријавениот Г.Б. за сума од 40 евра да продолжи да вози до Свети Николе, позади моторно возило „мерцедес“ во кое тие се превезувале. На регионален пат во близина на Свети Николе, полициските службеници, по претходно добиени информации дека ќе биде извршен транспорт на поголема количина на дрога, го запреле товарното возило „ивеко“ кое го шлепувало возилото „опел комбо“ и при преглед на задната клупа и во багажниот простор на возилото „опел“, пронајдени се осум торби во кои имало 50 пакувања со марихуана.

По извршено вештачење во Одделот за форензички испитувања при МВР, утврдено е дека станува збор за 150 килограми марихуана.
Ново на Сител
-

Лавров: Каде се доказите дека Иран развива нуклеарно оружје
-

ИДФ: Иран повторно лансира ракети кон Израел
-

Зеленски: Војната во Иран може да го отежне снабдувањето на Украина со ракети
-

Црвена полумесечина: Речиси 800 убиени во израелско-американските напади врз Иран
-

Цените на нафтата дополнително растат додека Иран блокира витална поморска рута
-

Либанската армија се повлекува од своите позиции во близина на границата со Израел
-

Вкупно 473 наши државјани досега ги контактирале ДКП-ата во Тел Авив, Доха и Абу Даби
-

ОЈО: Мајката и детето биле заклучени сами во станот, едно лице e задржано во полициска станицa
