Македонија
5. March 2026 - 19:46

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење

Изработен е план,  наскоро треба да започне и санација на извориштето Шум  а во меѓувреме  се работи и на откривање на причините за загадувањето на водата во Струга ова се мерките кои  ќе ги преземат надлежните откако речиси цел месец стружани немаат питка вода.

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење, откако последните анализи покажале зголемена матност во изворот „Шум“, иако во градската водоводна мрежа вредностите се во граници на нормала. 

Случајот со изворот „Шум“ веќе е и предмет на истражни дејствија, откако Обвинителството претходно соопшти дека се испитуваат причините за загадувањето.