Шпанецот Фалкон им подлегна на повредите од несреќата на релито Дакар
Една недела откако претрпе пад на релито Дакар, шпанскиот мотоциклист Карлес Фалкон (45) почина од здобиените повреди, објави денеска неговиот тим Твин Трејл Рејсинг.
Фалкон доживеа несреќа во завршните километри на етапата од Ал Хенакијах до Ал Дувадими, на 8 јануари.
На каталонскиот мотоциклист веднаш му беше пружена помош и итно се хеликоптер беше пренесен во болница во Ал Дувадими на натамошно лекување.
– Овој понеделник, 15 јануари, Карлес нè напушти. Лекарскиот тим потврди дека невролошкото оштетување предизвикано од кардиореспираторен застој во време на несреќата е неповратно, соопшти неговиот тим.
Карлес беше ведра личност, секогаш активен, кој страсно уживаше во сè што работеше, особено мотоциклите. Не напушти работејќи го тоа што беше негов сон, тркајќи се во Дакар, се додава во објавата на Твин Трејл Рејсинг.
Ново на Сител
-
Кривична против 28-годишен скопјанец, в затвор му нашле марихуана
-
Го прекинале кабелот кој водел до електричното броило и направиле штета на ЕВН од 1.377.911 денари - кривична за две лица
-
Исчезнала 21-годишна девојка од Шуто Оризари
-
Здравствена работничка нападната пред угостителски објект од 24-годишна жена
-
Прегазен 69-годишен пешак во тетовско
-
Сообраќајка во Кочани - тешко повредено едно лице
-
Земјотрес од 5,3 степени го погоди западот на Турција
-
Песков: Путин е подготвен да се сретне со Трамп во Москва