Штип без вода поради дефект на главната водоводна линија
Скоро половина град,односн високите делови остана без вода за пиење, откако утринава дојде до дефект на главната линија 1 во близина на штипската филтер станица. Екипи на ЈП „Исар“ веднаш излегоа на терен и со цел во што помалку населби да биде запрено водоснабдувањето извршија премостување на водоводните линии.
- Бев на лице место, имаме напукната цевка и изместување на сигурносен вентил. Се работи на санација на дефектот и се надевам дека за најбзо можно време дека ќе го отстраниме, изјави Трајан Коцев, в.д. директор на ЈП Исар - Штип.
Иако стручните служби на претпријатието предвидуваа дека санацијата ќе трае помеѓу 6 и 8 часа, сепак санацијата се изврши за половина од предвиденото време. Од претпријатието во координација со противпожарната служба веднаш интервенираа во обезбедување на техничка вода со цистерни. Дефектот не можеше да се случи во полошо време, кога поради празниците сите се дома, коментираат граѓаните.
- Добро е што донесоа цистерна да си наполниме вода. На оваа тешка криза требаше и вода да купуваме, анкета штипјани.
Во текот на попладневните часови водоснабдувањето во градот целосно се нормализира. Ова не е прв пат повеќе населби да останат без вода за пиење. Главна причина е дотрајаноста на главната линија. За реконструкција на примарната водоводна мрежа, градочалникот побара поддршка од политичките партии, бизнис секторот и урбаните заедници, за пренамена на средствата од самопридонесот во висина од 1 милион евра, кои веќе две децении се неискористени. Со средствата од ТАВ, општината планира и изградба на линија 2.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар