Штип: Итните случаи се оперираат – останатите ќе мора да почекаат
Не е точна информацијата дека пациентите со ургентен и приоритетен упат од матичен лекар, не добиваат специјалистички преглед, тврди првиот човек на штипската клиничка болница, Ален Георгијев. Привремено се стопирани само елективните операции на хирургија и делумно операциите на офтамологија, поради потребата на средно медицинскиот и техничкиот персонал да биде на испомош на инфективниот оддел.
-Се она што е ургентно или животозагрозувачки, не треба да се грижат граѓаните дека нема да бидат прегледани. Дури и без упат, нашите специјалисти во болницата се спремни да ги примат, тие можат да им креираат упат за снимање, за болничко лекување, така што ниту еден пациент кој се наоѓа во животозагрозувачка состојба нема да остане не згрижен- изјави Ален Георгијев, директор на Клиничка болница - Штип.
Клиничката болница ќе започне да функционира во полн капациетет, кога ќе се намали притисокот од Ковид пациенти во модуларната болница. Времениот објект според Георгијев ги задоволува безбедносните стандарди и за персоналот и за пациентите.
-Имаме против пожарни системи, имаме обука на сите вработени, кој што треба да работи во случај на опасни ситуации, каде се исклучува довод на кислород, каде доводот на електрична енергија, кој е патот и планот за евакуација во случај не дај Боже да дојде до некоја опасна ситуација- додаде Георгијев.
Пациентите од модуларна за кратко време ќе се пренесат на инфективното одделение, кое се реконструира и останува уште да биде монтиран соларниот против пожарен систем.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар