Штип прва општина во Македонија со паметен модел за контрола на паркингот
Штип е првата општина во Македонија со софистициран и иновативен модел за евиденција и наплата на паркингот со 2 хибридни возила. Овој модел успешно функционира и дава резултати во соседните држави, со зголемување на ефикасноста и функционалноста на службите, но и за воведување на сообраќаен ред и зголемување на безбедноста во градот.
-
Овие возила на мнолу лесен начин ќе ги отчитуваат сообраќајните таблички, во реално време ќе испраќаат информации на софтверот кој ќе евидентира кој од возилата се непрописно паркирани или кои од возилата немаат наплата, изјави Панче Стефановски, директор на ЈП „Стипион“- Штип
Доколку и после второто евидентирање нема наплата, се издава доплатен билет или се поставува блокатор. Со воведувањето на мобилната патрола се зголемува ефикасноста во контролата и се намалува човечкото влијание и целосно се отфрла можноста за непостапување.
-
Веќе делиме опомени со јасно упатство за сите можни начини на плаќање на парќирањето, а после една недела овие возила ќе бидат санкционирани веднаш, без исклучоци, додаде Стефановски
Наплатата може да се изврши на повеќе начини и тоа преку мобилна апликација или веб, преку смс порака, на постоечките терминали за наплата во тобако центрите во Штип. Општина Штип за зголемување на бројот на паркинг места годинава планира изградба на нови катни гаражи и платформи на реката Отиња.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар
