-->
-->
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол
-->
МВР соопшти дека денеска во 03.27 часот на улицата „Христијан Карпош“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.О.(42) од Штип.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека има 1,56 промили алкохол во крвта.
Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Штипска физикална со недостаток на кадар и пристојни услови за работа
-
Иницијатива за законски измени, родителите на деца со попреченост да добијат статус ,,родител негувател“
-
Потенцијал за повеќе туристи има, недостасува стратегија
-
Драматична сликата на Преспанското Езеро
-
СДСМ: 50 партиски вработувања во Осломеј
-
ВМРО-ДПМНЕ: Милионска шема со државни тендери
-
Преглед на вестите од светот
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор