Штипјани чекаат ИЈЗ да ги направи анализите за да можат да ја користат водата од ХС Злетовица
Водата од ХС „Злетовица“ се уште недостапна за штипјани. Причина е административна пречка, односно, Институтот за јавно здравје не направил анализа на квалитетот на водата.
- Да се постави прашањето до Институтот зошто досега не е направено лабораториско испитување. Практично неколку месеци се чека административна дозвола која што секаде во Светот и во околните држави се добива за неколку денови, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.
Градот со вода за пиење се снабдува од бунарскиот систем, поради што граѓаните и понатаму плаќаат поголеми сметки.
- ЈП Исар прави големи трошпоци за електрична енергија за работа на препумпната станица и пумпи кои трошат огромна количина на енергија и затоа цената на водата од ХС „Злетовица“ е поевтина за нас како општина и јавно претпријатие, додаде Иванов.
Цената на метар кубен вода од Злетовица во 2022 година ќе изнесува 4,7 денари, со тенденција на намалување во следните 4 години, поради приклучување на општина Штип како најголем потрошувач.
- Тоа значи дека нашите приходи се зголемуваат, а со тоа и цената на водата ќе паѓа, изјави Миле Илиевски, директор на ХС „Злетовица“.
Штипската филтер станица е реконструирана и подготвена за прием на 360 литри вода во секунда.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар