Македонија
25. November 2022 - 12:27

Штипската инфективна болница се враќа во нормала

Инфективното одделение при штипска клиничка, после 2 и пол години се враќа во нормала. Хоспитализирани се пациенти со жолтица, цревни и други заболувања, а во моментот има само еден ковид пациент од целиот источен регион. Одделението кадровски се екипира со лекари инфектолози.

- Двајца се во тек на специјализација, една колешка може да се каже дека е при крај и следната година ја очекуваме да се врати, а другата ни е на втора година специјализација од потеребни 5. Очекуваме да имаме повеќе специјализанти да имаме и да се распише повторно специјализација за инфектологија- изјави Дијана Шишкова, началничка на инфективно одделение-КБ - Штип.

На инфективно беше дониран и мобилен дигитален рендген апарат, донација од јапонскиот народ во вредност од близу 56 000 евра, кој е од голема помош и за пациентите заболени од корона вирус, но и за персоналот.

Сите тешки пациенти кои требаше да се носат на снимање со болничко возило, со дополнителна кислородна поддршка и во тешка здравствена состојба, сега можат да се сликат на лице место, односно на самиот оддел се прават графиите- додаде Шишкова

- Овој апарат ќе биде дислоциран и на другите оддели каде ќе им служи на пациентите, првенствено на одделот за ортопедија и трауматологија, со што бенефит ќе имаат сите- изјави Ален Георгијев, директор на Клиничка болница Штип.

Претходно болницата доби две амбулантни возила, а се очекува да пристигне и донацијата во медицинска опрема на одделот за неонатологија.