Македонија
14. November 2020 - 16:28

Штипскиот Ковид центар мака мачи да обезбеди легла за пациентите од истокот на земјава

Штипско инфективно е со пополнет капацитет, а на кожно има 5 слободни кревети, наменети за пациенти со полесна клиничка слика. Помеѓу двете одделенија постојано се врши префрлање на пациенти за да се ослободи место на инфективното оддление за тешките и критични случаи.

Многу се разликува структурата на болните во овој есенски бран за разлика од пролетниот, кога имавме определен број на пациенти, но не со вака тешка клиничка слика, изјави АЛЕН ГЕОРГИЈЕВ, ДИРЕКТОР НА КЛИНИЧКА БОЛНИЦА –ШТИП.

Монтажните модули за прием на 56 пациенти ќе се постават за 30-тина дена. Затоа во меѓувреме се бара место повеќе на одделенијата за анестезија, интерни болести и кардиологија кои можат да се пре адаптираат за прием на Ковид пациенти.

Мораме да бидеме претпазливи, може да се случи да имаме уште поголем број на пациенти заразени со корона инфекција, уште поголем број на луѓе кои што се со тешка клиничка слика, затоа мораме да го следиме трендот- додаде Геогријев.

За следење на здравствената состојба на пациентите, Клиничка болница на неколку наврати набавуваше пулс оксиметри за мерење на сатурација.

Ќе имаме над 60 пусл оксиметри, буквално за сите пациенти што ќе бидат на инфективниот оддел, да можеме на секој од нив да ја мериме сатурацијата, што е исклучително важно и што е предвидувач за текот на болеста и за тежината на клиничката слика- изјави Георгијев.

Во моментот во Источниот регион има 1300 активни случаи.