Штипските пензионери се снабдија со огревно дрво
Од понеделник ќе започне дистрибуцијата на огревните дрва за штипските пензионери за следната грејна сезона. Здружението на пензионери склучи договор со приватен економски оператор и се продаваат по цена од 4,350 денари за метар кубен бука и 4,500 денари за даб.
- Има доволни колични на огревни дрва, според кажувањата на нашите дистрибутери, така што мислам дека оваа година нема потреба пензионерите да се грижат околу снабудањето со огревните дрва-изјави Ристе Нетков, престедател на Здружение на пензионери-Штип
За пензионерите ова е добра можност да се нарачаат дрва и истите да се платат на рати, бидејќи не секој има средства да ја уплати целата сума наеднаш.
- Тоа е најдобро нешто, бидејќи секој не може во готово да плате, а вака на повеќе рати, 8, 7 или 6 зависно од тоа колку дрва ќе запише пензионерот за рати е успешна работа. Секој доаѓа и си прави договор, изјави пензионерка од Штип
Пријавувањето за огревни дрва започнува во почетокот на месец февруари, а досега веќе пензинерите ја имаат платено и втората рата.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар