Што ќе опфати реконструкцијата на Градската болница?
Со топол ходник Центарот за изгореници ќе биде поврзан со Универзитетската Клиника св. Наум Охридски. По завршувањето на темелната реконструкција на почетокот на идната година која ја најави премиерот Никола Груевски страта градска болница ќе добие нова интензивна нега, 5 модерни операциони сали, нов лифт, а собите ќе бидат со посебен тоалет. Реновирањето на зградата која датира од 1933 година ќе почне идниот месец и ќе се одвива во 3 фази.
-Во втората фаза од септември планирано е 45 дена болницата да не работи, изјави д-р Јасминка Чабуковска Радуловска, директор на Униоверзитетската клиника за хируршки болести св. Наум Охридски во Скопје.
Со над 220.000 пациенти и 4000 операции годишно старата градска болница сместена во Центарот на Скопје е една од најфрекфентните здравствени установи.
-Поради место положбата во Центраот на Скопје кај нас се носта повредени во сообраќајки, од куршум, настрадани во пожар, и пациенти во ургентна состојба, додаде д-р Чабуковска Радуловска.
Од изградбата пред пред повеќе од 80 години старата градска болница внатрешно не е реновирана. Во 2002 година оваа здравтвена установа доби само нова фасада.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
