Македонија
18. February 2021 - 21:16

Што значи изборот на Порфириј за поглавар на СПЦ во односите со МПЦ?

Потопли односи, вклучување на Вселенскиот патријарх како посредник во преговорите или продолжение на досегашните потврди ставови на српската страна? Што не очекува во спорот помеѓу македонската и српската православна црква откако попладнево СПЦ доби нов патријарх – досегшаниот митрополит загребачко-љубљански Порфириј?

Од МПЦ-ОА велат дека се уште е рано да се даде оценка дали изборот на новиот српски поглавар ќе влијае на односите меѓу двете цркви. 

„Се работи за толерантен човек, подготовен да сослуша и тоа се добри, позитивни особини кај човек кои можат да се сметаат како предност. Но во Црквата не одлучува само еден човек, туку нејзините органи, најпрво Синодот, а потоа и Соборот. Прашање е како тој ќе се постави и наметне во овие органи. Тука и е влијанието на Епископот Бачки Иринеј. Да се надеваме дека ќе изгради свои ставови“, коментира за Сител портпаролот на ПМЦ-ОА владиката Тимотеј.

Аналитичарите пак, коментираат дека изборот на Порфириј кој доаѓа од поконзервативното крило на СПЦ не дава изгледи за промени во односите меѓу црквите, а во поширок регионален контекст може да има и влошување. Затоа, шанса да го реши спорот има политиката, а доколку тоа не се случи на потег ќе биде Вселенската патријаршија.

Спорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ трае повеќе од половина век. Српскиот митрополит беше избран денеска на редовниот Собор на СПЦ кој се одржа неколку месеци порано токму поради тоа да се избере поглавар по смртта на претходниот патријарх. Профириј и пред Соборот важеше за еден од најсериозните кандидати поради своите силни позиции внатре во Српската црква, но и поради нескриената блискост со актулениот српски претседател Вучиќ. Влегува во редот на помладите епсикопи во СПЦ.