Штрајкот на воздушниот сообраќај во Италија приземји речиси 1.000 летови, штетите се во милиони евра
Штрајкот во италијанскиот воздушен транспорт во саботата резултираше со откажување на речиси 1. 000 летови, објави денеска новинската агенција АНСА.
Според синдикатот кој го свика штрајкот, на него учествувале речиси сто проценти од вработените кои се очекуваше да штрајкуваат, наведува агенцијата.
Неколку стотици летови беа откажани само на главните италијански аеродроми во Рим, Милано, Неапол и Венеција, при што беа погодени околу 250. 000 патници.
Здружението за заштита на потрошувачите „Кодаконс“ смета дека штетите поради откажување и доцнење се во милиони.
Покрај копнениот персонал, штрајкуваа и пилотите на Малта Ер, кои управуваат со летовите на „Рајанер“ во Италија, како и пилотите и стјуардесите на нискобуџетната авиокомпанија „Вулинг’.
Ова беше втор голем штрајк во Италија, по штрајкот на железницата во четвртокот што предизвика значителен прекин на јавниот транспорт.
Штрајковите ја погодуваат земјата, популарна дестинација за одмор, во екот на шпицот на туристичката сезона и топлотниот бран.
Ново на Сител
-
Цистерни полни со нафта излетаа од шини кај Косјериќ
-
Од полноќ почнува кампањата за Локалните избори 2025
-
Осветување на храмот „Свети Константин и Елена“
-
Дождливо време, температуpa од 13 до 21 степен
-
Русија ги предупреди НАТО и ЕУ: Секоја агресија ќе биде пречекана со „решителна реакција“
-
ПМФЛ: Домашни победи за Арсими и Тиквеш
-
Четворицата осомничени за експлозија на бомба во Битола се гонат за „Тешки дела против општата сигурност“
-
ЦУК: Вкупно два пожари на отворен простор, еден активен