Швајцарската полиција идентификува уште 16 жртви од пожарот во Кран-Монтана

Швајцарската полиција денеска соопшти дека идентификувала уште 16 жртви од пожарот во барот во Кран-Монтана, кој избувна за време на прославата на Новата година.
Како што е наведено, меѓу нив има 10 Швајцарци, две лица се од Италија, едно е со италијанско-емиратско потекло, едно лице е од Романија, едно од Франција и едно од Турција.
Кантоналната полиција претходно соопшти дека се идентификувани телата на уште четири лица кои загинаа во пожарот. Станува збор за две Швајцарки на возраст од 24 и 22 години, заедно со двајца Швајцарци на возраст од 21 и 18 години. Полицијата на Вале соопшти дека тие се идентификувани и дека нивните тела се вратени на семејствата.
Официјалните лица сè уште се обидуваат да идентификуваат многу од загинатите. Досега се идентификувани вкупно 24 лица.
Двајцата менаџери на швајцарскиот бар Le Constellation во Кран-Монтана, во кој за време на новогодишната прослава во пожар загинаа најмалку 40 лица, се под кривична истрага. Менаџерите се осомничени за убиство од небрежност, нанесување телесни повреди од небрежност и предизвикување пожар од небрежност, според информациите од швајцарската полиција.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
-

Најмногу заболени од грип во Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, а најголема активност на грипот има во Дебар
-

Преглед на вестите од светот
-

Православните христијани го празнуваат Божиќ
-

Кај кого се падна паричката за Бадник во домовите на политичарите?
-

„Празници за сите, Божиќ за сите“, хуманитарна акција во Општина Босилово
-

Се додели орденот за Носител на мир, како и плакети за пријатели на децата
