„Си-Ен-Ен“: САД ќе прифатат само договор што исклучува можност Иран да дојде до нуклеарно оружје

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, навести дека веројатно нема да го прифати најновиот предлог на Иран за окончување на конфликтот, кој предвидува повторно отворање на Ормуската Теснина со одложување на решавањето на нуклеарното прашање.
Според извори запознаени со ситуацијата, Трамп го изнел ставот на состанок со високи претставници за национална безбедност, изразувајќи резервираност кон планот што Техеран го доставил деновиве, пренесе „Си-Ен-Ен“.
Американски претставници оцениле дека отворањето на Теснината без решавање на прашањето за збогатувањето ураниум би ја ослабело преговарачката позиција на САД, додека понатамошна блокада би продолжила да го поттикнува растот на цените на енергенсите, вклучително и на горивата во САД.
Притоа не се прецизирани следните чекори на Администрацијата во САД, а официјални лица изразиле загриженост поради можни поделби во иранското раководство и нејаснотии околу прашањето кој е крајниот фактор што ги носи одлуките во Техеран.
Белата куќа одби да ги коментира деталите од преговорите, наведувајќи дека станува збор за чувствителни дипломатски разговори и оти САД ќе прифатат само договор што ја исклучува можноста Иран да дојде до нуклеарно оружје.
МИА
Ново на Сител
-

Седници на четири собраниски комисии
-

САД: Техничките разговори со Иран се уште се на добар пат
-

Денес топло време со температури до 39 Целзиусови степени
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
