Си ја сними сопствената смрт додека вежбаше на облакодер

Кинеската интернет ѕвезда, 26-годишниот Ву Јонгнинг, загина додека се снимаше како вежба на облакодер од 62 ката.
Додека правеше згибови, рацете му попуштија и тој падна од зградата, а мртвото тело подоцна го најде чистачот на прозорци. Несреќниот настан е снимен на камера која Ву ја постави на другиот дел од зградата.
Неговата девојка Јин Јин за Bejing News изјави дека Ву планирал да ја побара нејзината рака од нејзините родители за да дозволат да се венчаат два дена после кобното видео. Вели дека планирал да им однесе и подарок вреден над 11 илјади долари, што воедно беше и сумата која требаше да ја заработи од видеото кое го снимаше кога загина.
Несреќниот настан се случил на 8 ноември, но неговото семејство смртта ја потврди пред неколку дена, откако неговите фанови се загрижија зошто долго време не објавува ништо на својот канал.
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
