Македонија
11. February 2026 - 16:33

Силен земјотрес од 4,6 според Рихтер ја погоди Македонија: Регистрирани низа други по синоќешниот силен удар

Силно тресење ја прекина вечерната тишина во Македонија. Во 22.05 часот земјотрес од 4,6 степени според Рихтер ги вознемири граѓаните. Епицентарот бил на Косово, поточно 45 км северозападно од Скопје. Силниот удар најмногу ги вознемири граѓаните во Тетово и Скопје. 

Граѓаните видно загрижени, пред камерата на Сител раскажаа како тресењето им предизвикало страв да не заспијат до раните утрински часови. 

„Најмногу земјотресот го почувствуваа граѓаните во западните делови, Тетово Гостивар и околината. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот е со интензитет пет, во Скопје и околината е одреден од 4 до 5, а во останатите делови од Републиката со интензитет од три до четири степени“, изјави д-р Катерина Дрогрешка, раководител на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје. 

По синоќешниот удар, регистрирани се и низа други земјотреси, но со значително помал интензитет. 

„После земјотрес со умрена магнитуда како овој, очекувана е некоја последователна сеизмичка активност. Да, имаме регистирано но тие се во групата на слаби земјотреси кои воопшто не се ни почувствувани од граѓаните“, додаде д-р Дрогрешка. 

Голем дел од планините се резултат на долготрајни тектонски процеси, односно судир и придвижување на земјините плочи што довеле до издигнување на планинскиот масив. Територијата на Косово, па и западниот дел на Македонија е тектонски активен. Поради сеизмичката активност во регионот, делови од Шар Планина почувствуваа поместување и тресење како резултат на земјотресот.

Првични некои проценки и мали анализи покажуваат дека за околу 10-тина до 15 мм е издигнат делот на Шар планина, посебно од косовската страна и хоризонтално бидејќи станува збор за хорзонтален расет од северна страна, значи хоризонтално негде околу 2-3 см. За попрецизно одредување потребна е посебна методологија, изјави проф. Ивица Милевски, ПМФ Скопје – ескпертиза геоморфологија. 

Граѓаните почувствувале хоризонтално нишање, објаснуваат познавачите бидејќи тогаш сеизмичките бранови минуваат под планински предел.   

Интересно беше што почувствуваме како некое хоризонтално нишање. Тоа токму вообичаено се случува кога сеизмичките бранови поминуваат под таков планински предел, огромен планински блок да кажеме. И се пренесува преку алувијални наноси како во Полошка котлина и скопска контрона. Генерално заради тоа, но и типот на расадот од северната страна којашто рековме е главно хоризонтален дојде до такво хоризонтално нишање, и релативно долго траење на земјотресеот 30 секунди, додаде професорот Милевски. 

Поради земјотресот нема пријавено никакви материјални штети.

Ваков сличен, Скопје бележи во 2016-тата година со магнитуда од 5.1 степен според Рихтер.