Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите од новоименуваниот амбасадор на Кралството Саудиска Арабија Ибрахим Ал-Мади

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими акредитивните писма од новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија, со седиште во Тирана, Турки бин Ибрахим Ал-Мади.
Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателката, во одлуката за отворање прва резидентна амбасада во Ријад, таа препознава потврда на решеноста за продлабочување на меѓусебните односи.
Сиљановска-Давкова гледа значителен потенцијал за економски развој во енергетиката, со акцент на обновливите извори на енергија, земјоделството, туризмот, инфраструктурата и технологијата.
Соговорниците ја истакнаа потребата од почести контакти меѓу бизнис-заедниците на двете држави.
Двајцата изразија подготвеност за стимулирање на политичкиот дијалог на највисоко ниво, како и за склучувањето билатерални договори во различни области.
За Сиљановска-Давкова, саудискиот стратешки план „Визија 2030“ и македонското учество на „Експо 2030“ во Ријад, се чекор напред кон поширока и подлабока соработка.
За неа исто така можноста македонските граѓани да добијат туристичка електронска виза или виза при пристигнување во Саудиска Арабија ќе го зголеми интересот за посета на државата.
Претседателката се заблагодари за поддршката на Саудиска Арабија на македонската кандидатура во Економскиот и социјален совет на ОН за мандатот 2027 - 2029, со уверување за натамошна соработка на мултилатерален план.
Ибрахим Ал-Мади искажа подготвеност за унапредување на севкупните меѓусебни односи - се наведува во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Ф1: Расел најбрз на слободниот тренинг пред ГН на Лас Вегас
-

Левандовски, Гризман и Емболо меѓу петте најплатени фудбалери во МЛС
-

Силен руски ракетен напад врз мостовите во Киев, тројца загинати
-

Лафчиски на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната
-

МВР: Апел до родителите и јавноста - препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата!
-

Десет години по Брегзит, ЕУ и Велика Британија се обидуваат да ги подобрат односите
-

Мерц: Војната во Украина може да заврши само со дипломатско решение, Европа мора да учествува во преговорите
-

САД потрошиле 48,3 милијарди долари за војната во Иран, не се пресметани штетите врз базите
