Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, денеска, ги прими капетанката Неда Волчева и поручничката Сара Тасевска кои успешно го завршија седуммесечниот курс „Maneuver Captain's Career Course“ во Џорџија, САД, организиран од американскиот тренинг центар „Fort Moore”.
Како што соопштуваат од Кабинетот на претседателката, на средбата на која што присуствувале американската амбасадорка Анџела Агелер и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, двете припаднички на Армијата ја запознале претседателката со фазите, содржините и квалитетот на воено-образовната обука и ги споделиле нивните натамошни планови, заложби и амбиции за кариерен напредок.
– Препознавајќи во нив потенцијал за идни генерали, Сиљановска-Давкова им честиташе на Волчева и Тасевска за успешно завршената обука и изрази уверување дека стекнатите знаења, вештини и експертиза ќе ги применат во интерес на македонската армија. Според неа, реализацијата на оваа програма претставува влог во македонско-американското партнерство и е посебно значајна за промоција на земјава како лојален и кредибилен сојузник во НАТО, стои во соопштението.
На средбата, додаваат, било посочено дека партиципирањето на жените во меѓународните обуки треба да биде редовна пракса. Сиљановска – Давкова, исто така, ја реафирмирала својата заложба за формирање на Регионален центар за извонредност за жени, мир и безбедност со седиште во Скопје, заради промоција на жените во безбедноста и одбраната во регионот.
Ново на Сител
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени