Сиљановска-Давкова ја почна посетата во САД со обраќање за 30 години од Четвртата светска конференција за жените
Со обраќање на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција на жените, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Њујорк ќе ја започне работната посета на Соединетите Американски Држави.
Tемата на состанокот е „Повторна посветеност, обезбедување ресурси и забрзување на имплементацијата на Пекиншката декларација и Платформата за акција за постигнување родова еднаквост и зајакнување на сите жени и девојчиња“.
На пленарната сесија, која ќе трае во текот на целиот ден, ќе има излагања од претставниците на сите држави членки на ОН и сите членови на специјализираните агенции и меѓувладини организации и ентитети со статус на набљудувачи во Генералното собрание.
Претседателката Сиљановска - Давкова ќе присуствува и на ручекот „Women Rise for All“ приреден од заменик генералната секретарка на ОН, Амина Мохамед.
Се очекува овој настан да ја истакне трансформативната лидерска улога на жените кои ги унапредуваат Целите за одржлив развој (ЦОР) и да ги поврзе влијателните жени лидерки од целиот свет. Настанот обезбедува платформа за размена на идеи, стратегии и зајакнување на мрежите со цел поттикнување на одржливиот развој.
Според агендата, Сиљановска- Давкова денеска ќе присуствува и на приемот во чест на шефовите на делегации од Југоисточна Европа, организиран од Американско – балканската стопанска комора, како и на вечерата на високо ниво во рамки на Годишното заседание на Платформата на жени лидери при ГС на ОН.
Претседателката Сиљановска-Давкова, во рамки на неколкудневната посета на САД, ќе се обрати на генералната дебата и ќе учествува на повеќе самити, лидерски форуми и состаноци на високо ниво што се одржуваат по повод 80. Генерално собрание на ОН.
Претседателката ќе оствари средба со генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, а предвидени се и други билатерални средби со светски лидери.
Темата на годинашната сесија е „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“.
За време на работната посета на САД, претседателката Сиљановска – Давкова ќе престојува и во Детроит.
МИА
Ново на Сител
-
За секој освоен глас на парламентарните избори, политичките партии во Албанија ќе добијат по 94 лека
-
Во Брисел утре претставување на кандидатите за наградата „Сахаров“, студентите кои ги предводат протестите во Србија се едни од предложените
-
Бунт во затвор во Еквадор, 14 загинати и 14 повредени
-
Путин: Русија ќе се придржува до Нов СТАРТ уште една година по истекот на Договорот
-
ЈСП ќе остане без гориво
-
Русија негира упади на нејзини воени авиони во воздушниот простор на држави членки на НАТО
-
Учениците во Трубарево се враќаат на настава со физичко присуство
-
Јаневска: Учебниците што им недостигаат училиштата ќе може да ги најдат во ПДФ-формати на веб-страницата на Педагошката служба