Сиљановска-Давкова: Насилството сите не боли, навредливо е и незамисливо

Заборавете на гневот, заборавете на лошите зборови, напротив уживајте во играта, почитувајте го противникот. Насилството сите не боли. Навредливо е. Незамисливо е, меѓутоа тоа е сложен феномен, истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на панелот на тема „Гласот на младите: еднакви можности и иднина без насилство“ што денеска се одржа во Битола.
Пред членовите на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“, воедно организатор и домаќин на панел дискусијата, претседателката Сиљановска-Давкоа порача дека едукацијата за борба против насилството треба да почне уште од основно образование.
- Ако легитимирате употреба на сила, а некои под наводници јунаци, добијат важен општествен статус, и ако некој се восхитува од лошите зборови или од примената на сила, што е сосема погрешно, тогаш пораката е лоша. Затоа ние мораме уште во основно училиште, а можеби и во детските градинки да почнеме да ги учиме децата за ненасилство, да ги учиме за тоа дека зборот боли. Секогаш кога ќе се соочите со насилство и кога ќе го прашате оној што е жртва на насилство ќе ви каже дека на тоа му претходело насилство со зборови. Не смееме тоа да го толерираме и затоа треба уште во основно образование, и во гимназија треба да знаеме дека многу тешки работи можат да се кажат со зборови - нагласи претседателката Сиљановска-Давкова.
На интерактивниот панел во битолскиот Офицерски дом што се одржа во рамки на проектот „Спорт без насилство – Младински форум за фер плеј“, учествуваше и градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, кој ги издвои инвестициите во локалната самоуправа за развој на спортот.
- Спортот ги поврзува луѓето, спортот ги зближува сите без разлика на вера и нација или економски статус. Спортот поврзува на терен и трибина. Затоа ние како локална самоуправа и со поддршка на Владата преку Министерството за спорт ги обновивме сите училишни и спортски терени во градот, а изградивме и спортски сали за младите да спортуваат и рекреираат - истакна Коњановски.
На денешната панел дискусија во Битола беше презентиран и документарен филм на кој беше нагласена социјалната инклузија на младите со помалку можности, активното учество на младите во процесите на донесување одлуки и други погледи во прилог на глобалната кампања „16 дена активизам против насилството врз жените и девојчињата“.
МИА
Ново на Сител
-

„Блек фрајдеј“ под лупа, инспекторите ќе проверуваат дали попустите се реални или маркетиншки трик
-

Паѓа невработеноста, расте неформалната економија
-

Почна сезоната на грип - за една недела во ИЈЗ пријавени се 188 случаи
-

Преглед на вестите од светот
-

Балканските лидери денеска во Охрид бараат заеднички одговори за европската иднина на регионот
-

Тошковски: Боди камерите во иднина ќе бидат основна опрема за полицијата
-

Уставен ќе одлучува за колективниот договор за култура, синдикатот на протест
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се анализираат цените на становите во секоја општина поединечно
